Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Што е дезинформација?

ДЕЗИНФОРМАЦИЈА е намерно ширење лажни или погрешни информации за измама или манипулација, преку стратегиски и медиумски тактики за постигнување политички, воени или комерцијални цели.

Дезинформациите се глобална закана, поради способноста за брзо ширење лажни наративи во масовни размери.

Дезинформациите се особено опасни затоа што имаат потенцијал да предизвикаат поделби и тензии, па и немири и насилство во области, како што се меѓуетничките и меѓуверските односи, евроатлантските интеграции, миграцијата, вакцинацијата и социјалните политики.

Дезинформациите се огромна закана за демократијата, бидејќи можат да извршат пресудно влијание врз јавното мислење, изборните резултати и социјалната хармонија.

Оваа содржина е дел од едукативните содржини во проектот ОСЛОБОДИ ГО УМОТ, посветен на спротивставување на дезинформациите, пропагандата и хибридните закани преку мониторинг, анализи, медиумски активности и директна комуникација со граѓанките и граѓаните. (ЦивилМедиа)

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново