Трошоците на животот во 2024 година се зголемија за 3.5%, а цените на мало за 3.8% споредено со 2023 година, објави Државниот завод за статистика. Во декември 2024 година, во однос на истиот месец од претходната година, трошоците на животот пораснаа за 4.4%, додека цените на мало се зголемија за 4.3%.
Индексот на трошоците на животот во 2024 година покажа пораст во сите категории на потрошувачка. Најзначителен раст е забележан кај:
Ресторани и хотели: 9.9%
Алкохолни пијалаци, тутун и наркотици: 7.6%
Здравје: 5.3%
Разновидни стоки и услуги: 5.1%
Рекреација и култура: 4.9%.
Помал пораст има кај храна и безалкохолни пијалаци (2.9%) и домување, вода, електрика, гас и други горива (1.4%).
Спорет аналитичката обработка на цените на мало најмногу поскапеле земјоделските производи за 7.1%, услугите за 5.0%, пијалаците за 4.0%. Помал пораст има кај индустриско-прехранбени производи (3.5%) и непрехранбени производи (2.1%).
Инфлацијата во декември 2024 година, споредено со ноември 2024, изнесува 0.3%. Зголемувањето на трошоците на животот е најизразено во:
Транспорт: 4.8%
Рекреација и култура: 1.7%
Ресторани и хотели: 0.4%.
Намалување е забележано во групите:Комуникации: -0.4%
Храна и безалкохолни пијалаци: -0.3%.
Цените на мало во декември 2024, во однос на ноември, пораснаа за 1.2%.
Со овие податоци, 2024 година потврдува умерен, но континуиран раст на трошоците на живот и цените на мало.