Врховниот командант на вооружените сили на Украина Александар Сирски денеска изјави дека ситуацијата е сложена во многу области на фронтот со руските сили и оти бара постојано следење.
– Непријателот врши редовни напади врз позициите на нашите војници, напиша Сирски на Телеграм по посетата на истурените командни пунктови во борбената зона со министерот за одбрана Рустем Умеров.
– И покрај тешката ситуација, нашите војници храбро ги држат своите редови и позиции. Непријателот трпи непоправливи загуби, додаде Сирски.
Сирски и Умеров ги слушнале извештаите на командантите за состојбата на фронтот, ја анализирале ситуацијата и разговарале за следните чекори.
– При посетата детално ја анализиравме актуелната состојба и разговаравме за неопходните понатамошни чекори, пред се за заштитата на војниците од дронови и воздушни напади со системи за противвоздушна одбрана, како и за зајакнување на одредени области на фронтот, додаде тој.