Делата на македонскиот мултимедијален уметник Киро Урдин од денеска ќе бидат изложени во галеријата „Marc Minjaw” во Брисел. Тамошните љубители на уметноста ќе можат да ги видат најновите негови платна до 24 септември.
Оваа поставка на Урдин следува по неговото претставување во галеријата „Константин Бранкуши” во Букурешт, што се одржа од 2 до 31 август.
Делата на уметникот ќе бидат изложени и на Интернационален фестивал на поезија во Букурешт (FIPB 2023) oд 11 до 17 септември и на Интернационалниот фестивал за модерна уметност во Сибиу, исто така во Романија, од 16 до 30 септември. (МИА)