Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Слоницата Дуња не угинала, туку била евтанизирана, потврдија од Зоолошка градина

Слоницата Дуња од скопската Зоолошка градина не угинала, туку била евтаназирана, поради старост, потврдија од Зоолошката градина.

Рацин.мк стапи во контакт со одговорните во ЗОО Скопје, по објавите дека е угината слоница, но рекоа дека за кратко ќе биде објавено соопштение на нивната Фејсбук страна и не одговараа на дополнителни прашања.

Претходно имаше информации дека е угината слоницата Даела за чиј статус од Зоолошката градина велат дополнително ќе се одлучи заедно со европската група за слонови.

-Со голема жалост ве информираме дека во текот на вчерашниот ден (06.08.2024 год.), азиската слоница Дуња по насока на сопствениците кои ја позајмија на нашата зоолошка- „Pairi Daiza” од Белгија, одлучија со тимот експерти (ветеринар, офтамолог и сениор зоо негувател на тимот за слонови) кои изминатите денови ја прегледуваа слоницата донесоа одлука за евтаназија на слоницата, велат од ЗОО-Скопје.

Тие додаваат дека ниту еден третман ниту операција не можел да ја спаси, а одлуката на сопствениците од Белгија беше од стручниот меѓународен тим за да таа не страда.

-Последнава година слоницата Дуња појавуваше симптоми на длабока старост и изнемоштеност и се констатираа повеќе здравствени проблеми кај Дуња, типични за шеестгодишна слоница.
Дуња скоро и да не гледаше, имаше проблеми со вилицата и забите, а ден претходно беше направен преглед и констатиран е комплексен дентален проблем. За процесот на обдукција и останките, Зоолошка градина Скопје ги следеше законите и правилата, како и консултации со тим од Факултетот за ветеринарна медицина, велат од ЗОО Скопје.


Инаку Дуња најголем дел од својот живот го има поминато во шведски патувачки циркус, патувајќи низ цела Европа. Со забраната за користење на животни во циркуси точки, оттаму Дуња и Даела патуваат во Белгија, во еден од најубавите паркови за слонови во светот- „Pairi Daiza”, каде се констатира дека за жал поради трауматичното минато двете слоници Дуња и Даела нема да можат да живеат во социјална група со други слонови.

Оттогаш, во 2018 година доаѓаат во Скопје за да ги живеат нивните „пензионерски денови”.

-Посетителите на Скопје ЗОО од 29.09.2018 имаа прилика да уживаат и да се едуцираат со нивното присуство, а од вчера ја имаме само нашата африканска слоница Даела, за чиј статус дополнително ќе се одлучи заедно со европската група за слонови, велат од ЗОО Скопје.

Зачлени се на нашиот е-билтен