Снимка од единствениот преживеан од авионот: Дезориентиран, но надвор од животна опасност

На платформата X беше објавено видео на кое се гледа Вишвашкумар Рамеш, моментално единствениот преживеан од авионот на Ер Индија, како зашеметен шета наоколу веднаш по несреќата утринава во Ахмедабад, Индија. Носеше телефон во раката и куцаше на едната нога.

Засега Рамеш е единствениот од авионот кој не загинал во несреќата.

Тој се здобил со повреди по телото, но неговиот живот не е во животна опасност, изјавил докторот од болницата.

Во болница во Ахмедабад, д-р Давал Гамети вели дека го прегледал Рамеш.

„Беше дезориентиран со повеќе повреди по целото тело“, изјави Гамети за новинската агенција Асошиетед прес. „Се чини дека тој е надвор од животна опасност.

„Гласна бучава, па потоа пад“

Hindustan Times наводно разговарал со Рамеш, британски државјанин, кој отпатувал во Индија на неколку дена за да го посети своето семејство.

„Триесет секунди по полетувањето се слушна страшна бучава, а потоа авионот се урна. Се се случи многу брзо“, наводно рекол Вишваш.

“Кога станав, имаше тела насекаде околу мене. Се исплашив. Станав и истрчав. Имаше делови од авионот околу мене”, изјави тој за Hindustan Times.

Тој за весникот изјавил дека неговиот брат седел во вториот ред во авионот.

„Тој патуваше со мене и повеќе не можам да го најдам“, рече тој.

Зачлени се на нашиот е-билтен