Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Солуција звучи како Прада или Премијат

Пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ

Мозокот на будалата ја вари филозофијата во лудост, науката во предрасуда, а уметноста во педантерија. Така се раѓа универзитетското образование.

Рекол Шо, но и Тричко не е далеку од оваа максима.

Особено кога станува збор за високото образование на вморонската елита.

Хахаха!

Контрадикцио ин адјекто, но што да се прави.

Јовановиќ ме потсети на овие постулати пренесувајќи ја колумната на еден универзитетски идиот и медиумски шеф, режисер и тип кој чека да дојде на власт за да поужива во врисокот и агонијата на оние што ќе ги коле, понеже, тој не заборава.

Тој систем е клучна формација на културата на вмровизмот односно тоа е тема која мораме да ја совладаме ако сакаме да ја разбереме природата, самата срж, на македонското самораспаѓање.

Значи растурањето како резултат на лажната историја, на лажната револуција (бандитизам и тероризам) и на лажната култура, донесени од митот во политичката пракса.

Сите сме виновни, некои повеќе некои помалку, но само е еден изворот на распаѓањето: кога лажниот мит за вмро се претвора во политички факт кој го нокаутира Македонецот и ја разорува неговата нациоанална, општествена и државна супстанца.

Во солна киселина на патриотизмот со која го шампонираат македонскиот човек како што по пронаоѓањето на радиумот жените се шминкале со смртта на новиот елемент за да светат и да бидат поубави.

Останатото е лоповлук, пљачка, злоупотреба, злосторства, се разбира, но без моќта на вмро како менталитет, карактер, култура, срање…

Посматрачите на катастрофите сосема неосновано очекуваат дека погодените ќе научат нешто од тоа. Сѐ додека мнозинството е објект на политиката, тоа во тоа што се случува не може да види обид, туку само судбина; мнозинството учи од катастрофата исто толку малку колку што лабораторискиот глушец учи од биологијата.

Каква врска има ова со Димитров и неговата нова организација?

Ако нешто во меѓувреме не се случи, мислам дека „Солуција“ веќе на стартот покажува дека Македонците се многу блиску во еволуцискиот синџир до лабораториските глувци по неспособноста да учат од лошите работи, од катастрофите, посебно. Обратно, нешто ги тера да ги повторуваат, бескрајно да го вртат кабинетското тркалце од внатрешната страна.

И второ, „Солуција“ е пример за тоа како од инаку нормални политички и сами по себе добри идеи, произведуваме гаќи што ќе му ги оставиме на газот да ги џвака.

Врзете се, полетуваме!

Никола Димитров и неговото дражесно женско окружување беа главни инспиратори и вентилатори на хистеријата што се крена околу францускиот предлог, преговарачката рамка и договорот со Бугарија (со сите пропратни документи, протоколи, записници и сл.) значи на таа надреална олуја која што ја урна неповторливата шанса да бидеме нормална држава, општество  и нација. Како карипски ураган кој ги уриваат бараките на Барбадос и Хаити.

Таков беше тој ураган по кој сега Маричиќ оди и ги собира здравите штици и неоштетената дограма. Да ја обнови државата.

Предавник, будала, идиот?

Што е тој Маричиќ?

Не знам дали Димитров, Катерина и Светле се свесни за последиците на нестварните изливи на тоа што тие го викаа патриотизам, а јас го викав нестварна глупост и најголемо можно разочарување во кое не можев да поверувам со оглед на историјата на овие личности, пред сѐ, на самиот Димитров кој до тој момент за мене беше врвно политичко и дипломатско остварување и надеж во една разумна, модерна, европска политика на Македонија и во Македонија на подолг рок. Пред сѐ, поради Преспа, но и поради други дострели. И си дозволив да пишувам фантастични панегирици.

Да правам од него Џорџ Клуни на македонската политика.

Хахаха!

Потоа почувствував како нивното топло говно ми паѓа врз главата.

Од прелетот во небеските височини на љубовта спрема Македонија.

Од нивната патриотска височина јас мора да сум изгледал како говно предавничко.

Или нешто слично.

Мрсул на патот на консолидацијата на Македонија.

Мислам дека подлегнаа на идејата дека тоа со рамката е шанса да се урне владата и тој да се врати на некое истакнато место. Тоа би било разбирливо како политичка амбиција, но би било и всушност е неверојатно неодговорно за општите работи до нивото на злосторство кон државата и нацијата.

Во секој случај, од прва виолина во Симфонискиот оркестар, реши да биде трет гајдаџија на патриотската кобасицијада.

Не знам како ги наговорил Рикер, Папандреу и Прибе да му дојдат на промоцијата на „Солуција“. Оти во таа солидарност тие туриле и ризик по сопствените кариери. Тие, сигурен сум, не би дошле да промовираат организација чиј лидер има така негативен став кон преговарачката рамка и кон договорот со Бугарија, што значи дека тој на некој начин ги убедил дека тој денеска не е на тие становишта и дека, всушност, и тогаш не бил ама времето било такво.

Блаблабла.

Нешто во тој стил.

Што јас би го поздравил, се разбира, и покрај сѐ.

Тоа што тој го има во „Солуција“ го има и на изборот за мис во Дурбан или Бангалор. „Интегра“ е пред него дваесет години. Да не правиме муабет за проникливоста и визионерството на Пацика Трајанов, Лиле Поповска, или Енверпутинското Говно на точак…

Демек, „сите заедно нѐ здружува сонот за здрава, функционална и средена држава, како и дека е голема дилема дали некогаш нашата Македонија била во полоша ситуација“.

Па добро, Никола, како може од говното на никогаш полошта ситуација да се прави обелиск на здравоста, функционалноста и среденоста.

Јас не гледам дека ситуацијата никогаш не била полоша, но гледам перцепција на никогаш полошата ситуација која е произведена во партиски лаборатори и кон кои сега се приклучуваш и ти. Односно се приклучи уште пред една година. Тоа е опасно ширење на очајот како главен ракетен систем на специјалната операција против Македонија.

Како тоа не го разбираш?

Второ, „Мислам дека ни треба една дебела јасна линија каде завршува државата, каде почнува партијата. Мислам дека ни треба нов општествен договор за да школството, и здравството, и администрацијата, не зависат од тоа кој ќе победи на избори.“

Не знам за другите, но јас си префрлам себе си како сум пропуштил да ги детектирам овие спасителни операции.

Дебела линија!

Јеботе бог.

Колку дебела.

Може ли боја на слоновата коска или пурпурна, како кај папите во најважните моменти.

Тој е за граѓанска платформа што ќе турка кон мерит и кон професионализам.

Ма браво.

Па и вмро не е за нешто друго во документите што му ги подготвува Патриотскиот институт од козарската фарма во Зелениково.

Мене ова ми личи како да го изговара некоја Филипинка на изборот за Мис Јуниверз во Порт Елизабет.

„Мисијата на оваа невладина организација е посветена на справување со корупцијата, клиентелизмот и поларизацијата на општеството, унапредување на општествената дебата, облагородување на јавниот наратив и културата на дијалог; креирање и поддршка на конструктивни решенија во политиката, економијата, правдата, животната средина, надворешните работи, мирното решавање на меѓународните спорови; унапредување на демократијата, заштита на човековите слободи и права, почитување на достоинството на човекот и развој на либералните политики.“

Претпоставувам дека вели не и на поларизацијата што тој ја предизвика во врска со договорот со Бугарија и „смртоносната рамка“ односно „јамка“ што, според него и неговото окружување ни ја понуди Европската унија.

Ова е популистички трактат.

Неговата намена не е да ги решава проблемите туку да се бендиса на што е можно повеќе луѓе.

Трето, граѓанството е добро, но системот не е добар.

Јас можам да му кажам дека е точно обратното, односно дека ако не се нафати да го култивира и политички описменува народот, ако не го подреди граѓанинот на системот, а не системот на граѓанинот, нема ништо. Нашите луѓе се добри во други системи не поради системите, тие се помалку или повеќе секаде исти, туку поради другите луѓе и култури кои се во хармонија со своите системи и со нивната строгост, правичност и ефикасност. Кај нас сите се истренирани да го разоруваат системот. Не дека е идеален, далеку од тоа, но просто мерак им е, така се воспитани дека ако не го заебат системот не направиле ништо во животот.

Имам забелешки и на името. На толкава борба за јазикот и за идентитетот да се крсти „Солуција“ е не малку глупаво. Звучи како „Прада“. Или „Премијата“. Можеле да се крстат и „Еволуција“ или „Револуција“.

Обаче, молам, така одбрале, така нека им биде.

Клучно е да излезе Димитров и да каже дека му е жал за позицијата што тој и неговите блиски луѓе ја зазеле во врска со преговарачката рамка. Дека се свесни за страшните последици кои произлегле од таквите позиции на поширок план и во кои тие дале огромен придонес.

И дека ќе стори сѐ да ја исправи и грешката и последиците.

Тоа е важно за него, за неговата организација, но најмногу за Македонија.

Нема да му се намалат шансите ако даде поддршка на напорите што владата ги прави за отпочнување на преговорите. Вклучувајќи ги и уставните промени и влезот на Бугарите во Уставот. Во рамките на таа генерална ориентација има широко поле за различни политички профилации и афирмации.

Да, и да види што ќе прави со огромниот морално проблематичен багаж.

Не верувам дека и со доплата ќе го качат во авионот на новата мисија.

Мора од голем дел од тој  багаж да се ослободи.

Ене му го Перо.

Тој ќе го исповеда и после се ќе биде многу полесно.

Хахаха!

Извор: FRONTLINE

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново