Спасени околу 90 мигранти јужно од грчкиот остров Крит

Во две одвоени акции во морскиот дел јужно од грчкиот остров Крит во текот на ноќта и рано утрово спасени биле вкупно 90 мигранти, јави дописничката на МИА од Атина.

Во првиот случај, во текот на ноќта патролен брод на крајбрежната служба открил чамец на кој се пренесувало 51 лице, додека пак во вториот случај рано утрово брод на Фронтекс спасил 39 мигранти.

Сите биле безбедно пренесени на пристаниште на Крит.

Во конкретната област јужно од Крит и во близина на островот Гавдос и во саботата беше спасена група мигранти, вкупно 67 лица, а четворица од нив, тројца државјани на Судан и еден на јужен Судан, биле уапсени под сомнение дека се криумчари. 

Зачлени се на нашиот е-билтен