Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Спасени се сите 174 заробени лица во кабините на жичарницата во Анталија

Успешно е завршена операцијата за спасување на 174 лица заробени во кабините на жичарницата во Анталија, соопштија денеска локалните власти.

Во соопштението се наведува и дека едно лице загинало, а седум лица се повредени кога потпорниот столб на жичарницата се урнал и удрил во кабина со патници, која паднала на земја, пренесува турскиот портал Сабах.

Жичарницата превезува туристи до максимална височина од 605 метри во централното подрачје на областа Анталија Коњалти и е во сопственост на општината на градот Анталија.

Турскиот министер за правда Јилмаз Тунч на социјалните мрежи објави дека на 13 осомничени за овој инцидент им е одреден притвор.

Вчера во 17:28 часот по локално време, столб од жичарница се урна и удри во кабина, што резултираше со несреќа во која едно лице загина, а седум лица, меѓу кои две деца, се повредени, додека 174 лица во 24 кабини останаа заробени во кабините над бездна.

Во текот на ноќта и денеска се спроведуваа спасувачки операции со употреба на седум хеликоптери приспособени за ноќни операции, 87 возила и околу 500 лица.

Спасувачката акција траела речиси 23 часа, соопштија надлежните служби.

Зачлени се на нашиот е-билтен