Спасов-Ѕоф: Ќе гласам за Стево бидејќи е единствениот урбан лик во сите гарнитури досега

Расте поддршката за кандидатурата на втор мандат на актуелниот претседател Стево Пендаровски. Откако со поддршка за него денеска се произнесе архитектот, политиколо, граѓански активист и колумнист Тони Поповски, за втор мандат на Пендаровски се залага и бизнисменот и писател Зоран Спасов-Ѕоф.

„До сега имам гласано за ВМРО, СДСМ и Анте Марковиќ. И све џабе… Овојпут ќе гласам за Стево пошто он е једини урбан лик у сите гарнитури до сеа“, напиша на социјалните мрежи бизнисменот и писател Зоран Спасов-Ѕоф изразувајќи поддршка за втор мандат за претседателот Стево Пендаровски.

Тој додаде дека му се допаѓа што Пендаровски не се потчинува на власта и се грижи за спортот и културата.

„А, и да не го номинираат, ја ќе го допишам на лифчето, али само ако ми гарантира дека дупло поише ќе се посвети на овие две работи. Затоа, Hit the road Stevo…“, напиша Ѕоф.

Зачлени се на нашиот е-билтен