„Во целиот изминат период секогаш упатував порака кон јавноста дека треба да ги сочекаме крајните одлуки, да ги имаме вистинските избори на информации…нормално е во предизборен период да имаме одредени мислења, ставови коишто се застапуваат во јавноста“, изјави Поранешниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски во Дневникот на Сител.
Тој додаде дека суштинската работа во утврдувањето на сите кандидати беше постапката којашто се направи во СДСМ како што тоа го правиме на еден многу демократски начин.
„Органите на партијата ги донесоа одлуките за кандидатите за пратеници. Ги имаме најдобрите можни кандидати за пратеници, не само за носители на листи, туку за сите 120 пратеници, во кои што има еден сублимат од искуство, знаење, младост, од се она што е потребно и претставува репрезент на граѓаните на Македонија“, заклучи Спасовски.