Македонскиот фудбалер, Стефан Ристовски кој беше прогласен за играч на натпреварот во победата на неговиот Динамо Загреб против Салзбург во Лигата на Шампионите се најде и во идеалниот тим на колото од елитното натпреварување.
Ристовски беше асистент на двата гола за Динамо на гостувањето во Австрија со што хрватскиот тим стигна до првата победа во Европа на гостински терен по 26 години.
Сега, Ристовски е избран и во идеалниот тим на колото, на десната бековска позиција.
„Две асистенции, четири клучни додавања и три освојување на топката во противничката половина, дефанзивецот од Македонија, го заслужи призннието најдобар играч на натпреварот“ соопштија од УЕФА.