Струга го продава „Аудито“ на Мерко, стартната цена е 21.800 евра

Мерко

Општина Струга најави електронска аукција за продажба на службениот автомобил „Ауди А6“, со почетна цена од 1.344.636 денари, односно околу 21.800 евра. Аукцијата е закажана за 16 март 2026 година.

Електронското наддавање треба да почне во 10 часот на платформата e-stvari.mk, а општината информира дека огласот бр. 1/2026 за продажба на подвижни предмети – патничко моторно возило преку електронска аукција, е објавен и во Службен весник.

Во информацијата се наведува дека средствата од продажбата треба да бидат наменети за набавка на комбе за потребите на општинската администрација и спортските клубови во Струга, а заинтересираните учесници ќе ги добијат деталите за возилото и упатствата за аплицирање преку самата аукција.

Станува збор за возило што со години беше симбол на јавната дебата во Струга, откако општината го набави за 67.000 евра во период кога градоначалник беше Рамиз Мерко. Набавката предизвика реакции поради финансиската состојба на општината во тој период, а во текстот се наведува и дека во судската постапка во Струга било утврдено дека нема вина за купувањето на луксузното возило.

Зачлени се на нашиот е-билтен