СЗО: Најмалку седум милијарди долари се потребни за обнова на здравствениот систем во Појасот Газа

СЗО порача чека за обнова на здравството во Газа требаат најмалку седум милјарди долари

 Светска здравствена организација (СЗО) денеска соопшти дека ќе бидат потребни најмалку седум милијарди долари само за обнова на здравствениот систем во Појасот Газа.

– Во Газа нема целосно функционална болница, само 14 од 36 функционираат. Постои сериозен недостиг на основни лекови, опрема и здравствен персонал, истакна генералниот секретар на СЗО, Тедрос Адханом Гебреисус.

Според СЗО ситуацијата во Појасот Газа по примирјето не е подобрена, сè уште недостига храна. 

Зачлени се на нашиот е-билтен