По последната одлука на Талибанската влада да се затворат фризерските салони и центрите за убавина на жените, која значи сериозно ограничување на правата и слободите на авганистанските жени и девојки, авганистанките своето незадоволство го изразија преку протест.
За време на мирниот протест, тамошните власти употребија сила и огнено оружје со цел насилно замолчување и растурање на протестот.
Целосната забрана за активности за жените надвор од домот, забраната за пристап до образование, забрана за работа, забрана за слободно движење, и брутално тепање на секое искажување на незадоволство против овие насилни политики и репресија се факти кои говорат дека талибанците водат безмилосна војна против жените.
Родово-базираниот прогон е најголемото злосторство против човештвото.
Време е светот за стави крај на родово-базираното насилство. (ЦивилМедиа)