Уште една од низата лаги на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, кој од Собраниска говорница манипулира дека лидерот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари добил на поклон луксузна куќа во Тафталиџе, Скопје, за да влезе во Владата.
Лидерот на АА, Арбен Таравари во изјава за „Фокус“, вели дека ВМРО-ДПМНЕ се враќа во духот на „груевизмот“, на препознатливата реторика „сите се лоши и нечесни“, освен тие самите, коишто уживаат во луксуз на различни нивоа.
-Куќата е купена во 2021 година, постапката и документацијата за купопродажба е во целост чиста. Имаме и доста за реновирање, а кредитот, здравје, ќе го плаќаме подолго време. Ве канам на кафе во својот дом и да видите за што станува збор. Се надевам дека тие што обвинуваат еден ден и самите ќе дозволат да ѕирнете во нивното секојдневие. Па, и да направите споредба…, вели Таравари откако Николоски од ВМРО-ДПМНЕ го обвини дека стекнал куќа во Тафталиџе од 256 квадрати за само 150.000 евра, а воедно изрази сомнеж дали воопшто е реализирана трансакција.
Оваа манипулација на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Николовски е споделена на социјалните мрежи од поголем број на поддржувачи на опозицијата.
Но, ова нема да биде прва разобличена лага на Николовски, бидејќи на некој начин тој е „шампион“ во ширење лаги, дезинформации и манипулации.
Меѓу тие што го демантираа Александар Николоски од ВМРО-ДПМНЕ се и Обединетите нации, за лагите што ги ширеше во врска со владините мерки поврзани со пандемијата предизвикана од корона вирус COVID-19.
Николоски беше демантиран и од Чешка и Словачка по изјавата дека ВМРО-ДПМНЕ работела со државите од Вишеградската група за да се спречи условот историја да влезе во заклучоците на ЕУ.
Д.М. (ЦивилМедиа)