Ќе го охрабриме и премиерот и владата за компромис за евроинтеграциите, Влен е гаранција дека нема да дозволи да се повтори 2008 година Букурешт, а во Влен сме подготвени и за прифаќање на уставните измени и пред формирање на новата Влада, изјави Арбен Таравари, неформалниот лидер на Вреди (Влен), во поткастот Политикани на Слободен печат.
Тој истакна дека Влен ја има Агендата 2030 и имаме намера да ја истераме до ктај.
На прашањето како ќе го решат тоа когаВМРО-ДПМНЕ вели нема промена на уставот по доктат, Таравари рече дека „секој роблем има решение, само треба да се најде решение“.
Тој дополни дека очекуваат помош од Петер Ванхокјте кој пристигна за да го фасилитира дијалогот во Македонија на оваа тема, како и во комуникацијата со Софија.
Таравари додаде дека за ова прашање останува и силната поддршка од ЕУ и САД со кои од Вреди (Влен) се во постојана комуникација и нагласи дека ова прашање ќе се реши за 6 месеци.