Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Таткото на Вања Ѓорчевска во 48-часовен притвор, распишана меѓународна потерница по Љупчо Палевски

Скопскиот Кривичен суд го прифати предлогот на Основното јавно обвинителство и определи краткотраен притвор од 48 часа за таткото на Вања Ѓорчевска, Александар Ѓорчевски, кој е еден од осомничените за убиството.

Како што наведуваат од Кривичниот суд, притворот е определен заради опасност од бегство и влијанија врв сведоци.

Претходно вечерва, Кривичниот суд на предлог на скопското Основно јавно обвинителство донесе наредба за спроведување истрага против Љупчо Палевски првоосомничениот во убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, којшто е посочен како организатор и реализатор на убиствата.

-За осомничениот кој е во бегство по итна постапка е донесена Наредба за спроведување истрага за кривични дела – Грабнување од член 141 и Убиство од член 123 од КЗ. Јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице. Судот го прифати предлогот и донесе решение со кое притворската мерка ќе започне да се спроведува веднаш по неговото пронаоѓање и лишување од слобода, стои во соопштението од Јавното обвинителство.

Министерството за внатрешни работи, вечерва, распиша меѓународна потерница по Љупчо Палевски.

-Љупчо Палевски род.12.12.1964 год. во Скопје се бара со меѓународна потерница за истрага за кривични дела „грабнување” и „убиство“ по издадена наредба XV KO бр 3047/23 од Основното јавно обвинителство Скопје, објавено е на веб страницата на МВР.

Зачлени се на нашиот е-билтен