Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Телефонски разговор Мицотакис – Зеленски: потврдена грчката поддршка за Украина

– Грција ќе продолжи да ја поддржува Украина и билатерално и во рамките на ЕУ и НАТО, истакнал грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во телефонскиот разговор со украинскиот претседател Володимир Зеленски, јави дописничката на МИА од Атина.

Како што информираа од кабинетот на грчкиот премиер, Мицотакис и Зеленски разговарале и за последните случувања во Украина, во пресрет на вонредниот состанок на Европскиот совет во Брисел.

Паралелно, Зеленски му се заблагодарил на Мицотакис за поддршката на Грција за почетокот на пристапните преговори на Украина со ЕУ во декември минатата година. 

Зачлени се на нашиот е-билтен