Основното јавно обвинителство Тетово поведе постапка против четири лица – тројца возрасни и едно дете на возраст од 15 години се осомничени за крвавиот вооружен напад на 10 август на улицата „Благоја Тоска“ во Тетово, во кој едно лице загина, а повеќе други беа тешко повредени, пишува Либертас.мк
Обвинителството информира дека се преземаат истражни дејства за целосно расветлување на околностите: обезбедување траги и докази, прибирање изјави од очевидци и вештачења на оружје и муниција. Во согласност со законот, за осомничените возрасни може да бидат предложени мерки за обезбедување присуство, додека за малолетникот постапката ќе се води по посебен закон за малолетничка правда.
Истрагата е во тек, а јавноста ќе биде дополнително известена по завршувањето на доказните дејства.