Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Тим за комуникации на Пендаровски: Надлежните да ги испитаат сите наводи за креирање лажни анкети

„Најрешително ги демантираме лажните наводи изнесени на денешната прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ во која се обвинува претседателот Пендаровски дека има некаква поврзаност со странски консултанти, а во врска со скандалот откриен од медиумите за активна операција на ВМРО-ДПМНЕ со цел фингирање на анкети заради манипулација на јавното мислење“, се нагласува во соопштението на тимот за комуникации на претседателот Пендаровски и кандидат за втор мандат на тековните претседателски избори.

Според наводите во македонските медиуми, се посочува во соопштението, ВМРО-ДПМНЕ, немајќи реална политичка понуда, планирале противзаконски активности за манипулација на изборите преку креирање на лажни вести, злоупотреба на јавниот сервис, притисоци врз јавната администрација, или со други зборови, практикување на старите навики на партијата која ја имаше заробено државата со години.

Тимот за комуникации на Пендаровски, во врска со оваа афера, го повикува Јавното обвинителство да ги испита сите наводи изнесени во медиумите, а, за изнесените лаги на денешната прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ ќе покренеле тужба за клевета.

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново