„За претседателските избори имаме кандидати коишто собрале потписи и ќе влезат во трка, а коишто викаат дека ние треба да излеземе од НАТО, да престанеме да преговараме со ЕУ, да го поништиме договорот од Преспа, да го поништиме договорот со Бугарија, да го поништиме Рамковниот договор. Таа ситуација личи на пропаѓање. Тоа е кандидатот Ванковска. Го слушав нејзиното интервју, ова и се ставовите. Ставовите на Стевче Јакимовски и на Максим не се до толку екстремни, ама тука се негде, во тој круг“, изјави Никола Тодоров, Никола Тодоров, адвокат, поранешен министер за здравство и за образование, кој во 2017 година одлучи да се повлече од политика во поткастот „Политиканти“ на „Слободен печат“.
Според Тодоров опасноста е во тоа што овие 2-3 кандидати со нивните ставови ќе бидат секогаш поекстремни од ВМРО-ДПМНЕ и таа нема да може да им парира, или ако почне да парира тоа ќе биде одење во комплетно друга насока на државата.
„Ако се избори, и на избори треба да внимаваш што ќе кажеш. Не можеш да кажеш – избори се, простено ми е. Ванковска во нејзиното интервју вика јас и Гордана сме многу добри пријатели, она е либерал, јас сум левичар, и за многу работи имаме исти сфаќања. Тука може да биде кажано нешто што потоа може да стане базична линија од која ВМРО тешко ќе може да оди назад. Така беше со уставните измени. Првите ставови за уставните измени на ВМРО не беа страшни“, заклучи Тодоров.