Градоначалникот на Таргу Муреш во романската провинција Трансилванија, Сус Золтан, денеска соопшти дека Жужа Дијаманштајн, единствената преживеана од нацистичкиот логор Аушвиц-Биркенау, која живеела во таа општина, починала на 102-годишна возраст.
– Надеж, храброст, спокојство и бескрајна љубов, тоа е она што секогаш го чувствував со неа, секогаш кога ќе ја сретнав. Госпоѓа Жужа Дијаманштајн, единствената преживеана од логорот Аушвиц-Биркенау во нашиот град, почина на 102-годишна возраст. Нека е вечен нејзиниот спомен, напиша градоначалникот Сус Золтан на Фејсбук.
Жужа Дијаманштајн е родена на 17 јуни 1922 година и била меѓу групата од 3.149 луѓе депортирани од гетото Регин на 4 јуни 1944 година.