Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Тренчевска води оро со македонско знаме во Турција

„Ми беше чест да бидам дел од фестивалот „Каршијака – Чашка – Тургутлу 2023“ во Измир, во пријателска Турција, кој споделува македонска култура, традиција и вредности. Го игравме македонско оро и срцето ни биеше во ритам на македонскиот тапан“, напиша на социјалните мрежи министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска.

Министерката Тренчевска предводеше владина делегација на овој настан и во рамките на престојот во неколку градови во Турција оствари средби на кои се разговараше за продлабочување на односите меѓу двете земји како на државно, така и на локално ниво.

„Вечерва сјајот беше уште поголем затоа што фестивалот фестивалот „Каршијака – Чашка – Тургутлу 2023“ во Измир се одржа токму на 100 годишнината од Турската модерна Република“, пишува во објаата, Тренчевска

Во текстот на социјалните мрежи да им изрази нчагодарност и честитки на македонските здруженија кои одржуваат врски со здруженијата во Турција чии што членови имаат семејни корени во Македонија.

Зачлени се на нашиот е-билтен