Три лица загинаа во експлозија во стан во Париз, по што избувна пожар, јавија локланите медиуми.
Експлозијата се случила синоќа во стан на седми кат од осумкатница.
Причината за експлозијата се уште не е позната, а заменик-началникот на 11-тиот арондисман Лик Лебон изјави дека соседите се збунети од експлозијата бидејќи, како што велат, во зградата никој не се снабдува со гас.
И покрај тврдењата на соседите, властите, сепак, не ја исклучија можноста експлозијата да била предизвикана од гас.