Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Трите генератори што ги вети Бугарија за границата со Македонија пренасочени за Турција

Иван Демерџиев и Оливер Спасовски

Трите генератори ветени за граничните точки во Република Северна Македонија ќе одат во Турција.

Ова денеска го соопшти во Бугарија министерот за внатрешни работи Иван Демерџиев.

-Обезбедив три генератори за границата, но бидејќи ситуацијата во Турција бара многу поинаков пристап, планирам да ги задоволам нивните потреби со овие три генератори. Се надевам дека Република Северна Македонија ќе најде сили и средства многу подобро да си ја обезбеди граничната контрола. Следат консултации на кои и јас ќе учествувам и ќе разговарам за сите проблеми, но мислам дека потребите во Турција се поголеми и таму ќе ги насочиме силите, рече министерот Демерџиев.

Бугарија рече дека ќе испрати три генератори на границата од македонска страна, откако на чествувањето за Гоце Делчев на 4 февруари, падна системот на граничниот премин и повеќе бугарски граѓани не успеаја да дојдат во Скопје на одбележувањето на 151-годишнината од раѓањето на македонскиот револуционер.

Зачлени се на нашиот е-билтен