Истражителите во Бугарија го расчистуваат случајот „тројно убиство кај Петрохан“, откако на 2 февруари, по пријава за пожар, во близина на поранешен планинарски дом Петрохан на Стара Планина беа пронајдени три тела на мажи, а објектот бил опожарен. Полицијата и обвинителството сè уште ги проверуваат клучните верзии за тоа како точно дошло до смртта, додека дел од лицата поврзани со објектот се во фокусот на потрагата.
Обвинителка Христина Лулчева изјавила дека се работи за тежок случај со повеќе жртви и дека ќе се проверат сите околности, вклучително и дали имало истрели, каква била причината за смртта и што точно правеле лицата на локацијата. Според информациите што ги пренесуваат бугарските медиуми, обдукцијата и вештачењата треба да дадат појасна слика за редоследот на настаните.
Според дел од медиумите, убиените се Дечо В. (45), Ивајло И. (49) и Пламен Ст. (51), а биле поврзани со паравоена „ренџерска“ структура, именувана како „Национална агенција за контрола на заштитените подрачја“ (НАКЗТ), регистрирана како здружение во 2022 година, со наведени цели за обуки и „патроли“
Додека обвинителството ги собира доказите, случајот веќе се отворија прашања за тоа како и под чиј надзор вакви групи оперираат во чувствителни подрачја и кои институционални филтри потфрлиле пред трагедијата да ескалира.