Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека Турција го поздравува постигнувањето договор меѓу Израел и Иран за прекин на огнот.
„Ги повикуваме страните да се придржуваат до прекинот на огнот. Како Турција, ние решително ќе продолжиме со нашиот принципиелен став што го почитува меѓународното право и дава приоритет на дипломатијата“, рече Ердоган на прес-конференција на аеродромот Есенбога пред да замине за Холандија на Самитот на шефови на држави и влади на земјите-членки на НАТО.
Според него, Турција е особено посветена на праведна распределба на товарот и зајакнување на европската безбедност.