Годишниот извештај на Европска комисија за напредокот на Турција кон членството во ЕУ е „нефер и пристрасен“, објави денеска турското Министерство за надворешни работи.
Во годишниот извештај на ЕК за напредокот на Турција се наведува дека има „сериозно назадување“ во демократските стандарди, владеењето на правото, човековите права, независноста на судството и основните слободи во борбата против тероризмот.
– Категорично ги отфрламе неоснованите тврдења и неправедните критики, особено во однос на политичките критериуми и поглавјата за правдата и човековите права, се наведува во соопштението на турското МНР.
Турското министерство посочува дека обвинувањата се неправедни и ја истакна „нечесноста на пристапот на ЕУ и јасниот двоен стандард“, додавајќи дека проблемите со почитувањето на основните човекови права се присутни дури и меѓу земјите-членки на ЕУ.
Апликацијата на Турција за членство во ЕУ е замрзната со години, откако во 2005 година почнаа преговорите за членство со ЕУ. м