Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Турција-Грција: Или сите проблеми пред Меѓународниот суд, или нема затоплување на билатералните односи

Оградата на грчко-турската граница

Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу вчера рече дека сите постоечки прашања меѓу Атина и Анкара треба да бидат предадени на Меѓународниот суд, но „во целина“ и предупреди дека во спротивно постојното затоплување на билатералните односи можеби нема да трае.

Чавушоглу конкретно се залoжил за „пакет решение за сите прашања“.

-Во Егејското Море има прашање за острови чиј суверенитет не е утврден, има прекршувања што ги споменав претходно. Има прашање за воздушниот простор каде (Грците) присвојуваат 10 милји наместо шест. Има некои изјави во кои се споменува проширување на територијалните води од 6 на 12 милји. Сите овие прашања се прашања на спорови кои не се решени долги години, рече тој.

Грција постојано тврди дека се залага за дијалог со Турција, но нема да разговара за прашања што ги смета за суверени права.

Шефот на турската дипломатија предложи „пакет“ решение за сите прашања. За да може овие прашања да бидат предадени на Меѓународен суд, Турција и Грција мора да се договорат.

„И не смееме да бидеме селективни, мора да одиме на сите прашања“, истакна тој, предупредувајќи дека ако нема решение за овие прашања, тензиите неизбежно би можеле повторно да се зголемат.

-Во меѓувреме ќе има позитивна атмосфера. Но, тогаш ќе има некаков прекршок, потоа некоја воздушна битка, тензија на небото и можеби некаква несреќа. Со други зборови, сè може да се случи и оваа позитивна атмосфера наскоро ќе исчезне“, рече тој, нагласувајќи дека Грција и Турција треба да одлучат како да ги решат овие прашања. „Дали ќе се консултираме за секое прашање посебно? Според мене треба да разговараме за се како пакет. Затоа што ако решиме едно прашање, тензијата ќе продолжи на другото, додаде Чавушоглу. (МИА)

Зачлени се на нашиот е-билтен