Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Турција на нога, се бара укинување на законот за убивање бездомни кучиња

Демонстрантите повикаа на укинување на законот, мавтајќи со плакати на кои пишуваше „Засолништата се логори на смртта“ и „Повлечете го крвавиот закон“, пренесува АП.

Според извештаите, меѓу насобраните има и поддржувач на претседателот Реџеп Таип Ердоган, иако неговата партија АКП го промовираше усвојувањето на контроверзниот закон.

Главната опозициска Републиканска партија поднесе барање за укинување на овој закон помалку од две недели по неговото усвојување.

Владата проценува дека околу 4 милиони кучиња скитници шетаат по улиците и руралните области во Турција, и иако повеќето се безопасни, околу 65 луѓе се убиени од кучиња скитници во последните две години.

Новиот закон бара општините да ги собираат кучињата скитници и да ги сместат во прифатилишта за да можат да се вакцинираат и стерилизираат пред да бидат ставени на посвојување.

Кучињата кои се болни, терминално болни или претставуваат ризик по здравјето за луѓето ќе бидат евтаназирани, а во првичната измена беа вклучени и мачки, но тој член бил променет по критиките на јавноста.

Критичарите прашуваат и каде општините ќе најдат пари за изградба на потребните дополнителни засолништа.

Активистите за права на животните изразија загриженост дека некои општини може да убиваат кучиња под изговор дека се болни, па затоа не мора да одвојуваат средства за засолништата.

Неодамна на социјалните мрежи кружеа видеа на кои се гледаат мртви мачки и кучиња закопани во ровови, а активистите тврдат дека по донесувањето на законот почнало неселективно убивање на скитници.

Зачлени се на нашиот е-билтен