Ограничувањата на Израел за хуманитарната помош за Газа може да претставуваат тактика на гладување и би можеле да бидат воено злосторство, изјави денеска високиот претставник на Обединетите нации за човекови права Фолкер Турк.
– Израел, како окупаторска сила, има обврска да обезбеди храна и медицинска нега на населението во согласност со нивните потреби и да ја олесни работата на хуманитарните организации за доставување на таа помош, посочи Турк.
Тој додаде дека во Појасот Газа потребно е целосно обновување на основните услуги, вклучително и снабдување со храна, вода, електрична енергија и гориво.
Хуманитарните агенции го обвинуваат Израел за блокадата на Појасот Газа. Израелската Владатврди дека ја олеснува помошта и дека ОН и хуманитарните групи се виновни за какви било проблеми со количината и брзината на испораката.
Европска Унија вчера го обвини Израел дека предизвикува глад и го користи гладот како оружје, додека Израел негира дека нападите се насочени кон цивилите и оти целта е само елиминирање на Хамас. ми