Турски брод доби дозвола да помине низ Ормутскиот теснец

На брод под турско знаме му е дозволено да помине низ Ормускиот теснец откако властите добија одобрение од Техеран, објави турскиот министер за транспорт и инфраструктура Абдулкадир Уралоглу.

Урароглу за турските медиуми изјави дека Анкара продолжува да комуницира со иранските власти во врска со преостанатите четиринаесет турски бродови кои сè уште се наоѓаат од другата страна на тесниот морски премин меѓу Иран и Оман. 

„Таму има петнаесет бродови. Добивме дозвола од иранските власти еден од нив да користи иранско пристаниште и таа помина“, рече министерот за бродот „Розана“, додавајќи дека на сите турски бродови во областа имало 171 лице. 

По почетокот на израелско-американските напади, Иран одлучи да го затвори Ормутскиот теснец, преминот што ги поврзува Персискиот Залив и Оманското Море, со што предизвика глобална криза во снабдувањето со енергија. 

Турското министерство во посебно соопштение објави дека „Туркиш ерлајнс“ и „Аџет“ ги откажаа летовите до Ирак, Сирија, Либан, Јордан, Катар, Емиратите, Кувајт, Бахреин и саудискиот град Дамам до 19 март. Летовите до Иран се откажани до 20 март, објави „Ројтерс“, додавајќи дека „Пегасус ерлајнс“, исто така, откажала бројни летови. 

Зачлени се на нашиот е-билтен