Турските безбедносни служби спречија голем терористички напад во Истанбул, пишува весникот „Милиет“.
Според пишувањата на турските медиуми, во нападот требало да учествува и странски државјанин, кој е приведен, и кој, според досегашните информации, е главен осомничен.
Странецот е приведен во Истанбул, во областа Бахчелиевлер.
Засега службите не ја откриваат неговата националност.
Кај осомничениот биле пронајдени два нерегистрирани пиштоли и експлозивна направа. (МИА)