Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Уапсени 25 осомничени за пукањето во Католичката црква во Истанбул

Турските власти уапсија 25 лица осомничени во врска со пукањето на маж во Католичката црква „Санта Марија“ во Истанбул, изјави турскиот министер за правда Јилмаз Тунч.

Меѓу 25-те притворени се и двајцата осомничени за пукањето кои претходно беа приведени од полицијата. Се верува дека тие се поврзани со џихадистичката група Исламска држава, напиша Тунч на социјалната мрежа „Икс“.

Претходно, турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја соопшти дека двајцата главни осомничени се странски државјани – едниот од Таџикистан, а другиот од Русија.

Исламска држава ја презеде одговорноста за нападот во соопштение на комуникацискиот канал Телеграм, велејќи дека нападот бил одговор на повикот на лидерите на организацијата да бидат насочени кон Евреите и христијаните.

Тунч рече дека 25-те осомничени се обвинети за членство во нелегална организација и тешко убиство со умисла. Тој додаде дека други деветмина осомничени се ослободени во очекување на судењето.

Нападот се случи во неделата наутро за време на богослужба во италијанската католичка црква Санта Марија, која се наоѓа во областа Сариер во Истанбул. Двајца маскирани напаѓачи го застрелаа турскиот државјанин Туњер Мурат Џихан. Тојбил пренесен во болница, каде лекарите констатирале смрт.

Зачлени се на нашиот е-билтен