Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Уапсени 59 членови на албанската мрежа за шверц на дрога низ Европа, запленет имот вреден пет милиони евра

Во заедничка полициска акција насловена „ѕидар“ на италијанските, германските, албанските, шпанските и британските власти, уапсени се 59 членови на албанската мрежа за шверц на дрога, меѓу нив има жени, а на уште десет осомничени им се изречени други мерки на претпазливост во Италија.

Мрежата главно шверцувала хероин, кокаин, хашиш и марихуана во Германија и Шпанија користејќи автомобили со двојно дно или тајни прегради, соопшти Европол.

-Првите истраги против албанската криминална група ОКГ беа покренати во 2019 година од страна на Канцеларијата на јавниот обвинител во Фиренца – Окружната управа за борба против мафијата. Од јануари 2020 година, италијанските и албанските власти на Специјалното обвинтелство против организиран криминал и корупција, СПАК во Тирана стапија во контакт со Агенцијата на Европската унија за соработка во областа на кривичната правда (Eurojust) за да ја координираат прекуграничната судска соработка против ОКГ, јави Ора њуз.

Судската соработка меѓу Европа и Албанија ја олеснува Eurojust, бидејќи таа е една од 11-те земји надвор од ЕУ кои имаат обвинител во Агенцијата.

-Минатата година во првата полициска акција против истата организирана криминална група беа уапсени 21 осомничен и по тој повод запленета е дрога вредна 2,7 милиони евра. Експертите на Европол, исто така, обезбедија обемна аналитичка поддршка и експертиза за албанскиот организиран криминал, овозможувајќи идентификација на клучните цели и мапирање на нивните криминални активности низ Европа. Двајца офицери на Европол беа распоредени на теренот во Албанија и Италија за време на акциониот ден за да ги поддржат националните власти во нивните истражни мерки, наведува телевизијата.

Според СПАК во Албанија во последната акција запленет е имот во вредност од пет милиони евра, станува збор за 32 трговски субјекти, 45 автомобили, над 200 банкарски сметки и друг недвижен имо

Зачлени се на нашиот е-билтен