Најмалку 25 лица беа повредени во саботата попладне при силна експлозија во бар во мадридската населба Ваљекас. Несреќата се случила околу 15 часот, а силниот удар целосно го уништил објектот и оштетил соседна зграда, чиите жители морале веднаш да бидат евакуирани.
Според првичните информации, причина за трагедијата е истекување на гас. Пожарникарите и полицијата веднаш пристигнале на местото, а три лица се во тешка состојба.
„Нашите служби за итни случаи работат неуморно таму“, изјави градоначалникот на Мадрид, Хозе Луис Мартинез Алмеида.
Ваљекас е позната работничка населба со многу имигранти и стари згради со проблематична инфраструктура. Локалните жители велат дека вакви несреќи не се изненадување.
Ова не е прв пат Мадрид да биде потресен од ваква катастрофа. Во јануари 2021 година, експлозија на гас во центарот на градот одзеде четири животи и остави трајни последици во една од зградите.