„Вардариште“ ги кренa скопјани: „И вашите деца дишат отровен воздух“

Стоп за депонијата, сакаме да дишеме, доста не труевте, беа дал од пораките на денешниот протест против рак раната на Скопје дивата депонија Вардариште.

Стоп за депонијата, сакаме да дишеме, доста не труевте, беа дал од пораките на денешниот протест против рак раната на Скопје дивата депонија Вардариште.

Во знак на револт – родители со деца ја блокираа раскрсницата на булеварите АСНОМ и Србија кај мостот Близнак Општина Аеродром. Палењето на сметот во Вардариште е децениски проблем, но наместо решение еколошката катастрофа се продлабочува. Протестите ќе продолжат се додека не видиме конкретно решение на проблемот – порачаа граѓаните. 

И додека граѓаните два дена протестираат на само 2 километри депонијата Вардариште и натаму чади и ги труе Скопјани. Од илјадниците тони отпад кои се уште горат се шири голема смрдеа. 

Пожарот кај депонијата Вардариште изби во неделата. Три дена жители од Гази баба, Аеродром и поблиските општини се гушат со отровни честички.

Во меѓувреме властите и политичарите со ветувања дека проблемот ќе биде решен – најави кои ги слушаме со децении. Но во пракса за екоцидот Вардариште надлежните и натаму без конкретни чекори.

Зачлени се на нашиот е-билтен