Со свечено палење на празничните светилки вечерва во 18 часот, плоштадот „Македонија“ во Скопје ќе го отвори новогодишниот и божиќниот сезонски празничен амбиент. Градот најавува богата програма, украсен простор и изненадувања за сите генерации, со цел да донесе радост и магија во центарот на главниот град.
Подготовките на плоштадот започнаа рано утринава, а градоначалникот Орце Ѓорѓиевски ги покани сите граѓани да присуствуваат на заедничкото палење на светилките.
Со овој настан, Скопје ја отвора празничната сезона и ја најавува магијата која ќе ги придружува новогодишните и божиќните денови.