(Видео) Голем инцидент во Кочани – Ратко Димитровски евакуиран со полициска заштита по конфронтација со родителите на загинатите во „Пулс“

Голем инцидент се случи попладнево во Кочани, за време на Маршот за ангелите, дознава Инфомакс.

Според информациите, родителите кои ги загубија своите деца во трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ го пресретнале поранешниот градоначалник на Кочани, Ратко Димитровски, кој бил затекнат во кафеана во друштво на актуелен кандидат за градоначалник од една политичка партија.

Очевидци пренесуваат дека родителите директно се конфронтирале со присутните, упатувајќи тешки обвинувања и барајќи одговорност.

Еден од родителите му се обратил на кандидатот со прашањето:

„Дали учиш школа од него како да бидеш криминалец?“

Друг родител, видно вознемирен, му рекол на Димитровски дека е директно одговорен за смртта на неговото дете, додека трет предупредил дека, ако државата не донесе правда, ќе ја бара сам.

Поради зголемената тензија, полицијата морала да интервенира и да ги евакуира присутните од местото на инцидентот, за да спречи поголем судир.

Извор: Инфомакс

Зачлени се на нашиот е-билтен