Управата за вонредни состојби на Турција (АФАД) соопшти дека во 13.24 часот по локално време се случил нов земјотрес со интензитет од 7,6 степени, известува турската новинска агенција Анадолу.
Епицентар на земјотресот се наоѓа во округот Елбистан, во турската област Кахраманмараш.
Претходно турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека во разорниот земјотрес што утрово ја погоди јужна Турција загинаа 912 лица, а 5.385 се повредени.
Canlı yayında #deprem anı
— Öztürk (@oztrk_aydn) February 6, 2023
▪️#Malatya’da artçı sarsıntı sırasında hasarlı binalar yıkıldı.
pic.twitter.com/e4V0CK0plF
-Во земјотресот во Туркије загинаа 912, а повредени се 5.385 лица, рече Ердоган, напоменувајќи дека продолжуваат активностите за пребарување и спасување на граѓаните под урнатите згради.
Нагласи дека Туркије е погодена од најголемата катастрофа во последните повеќе од 80 години.
-Утрово во 4:17 часот нé потресе најголемата катастрофа по земјотресот во Ерзинџан во 1939 година, што ја доживеавме во минатиот век, рече Ердоган.
Турскиот претседател истакна дека во погоденото подрачјето мобилизирани се државните институции со сите свои служби.
-Над 9.000 спасувачи моментално трагаат по исчезнатите во земјотресот, бројот на спасувачи постојано се зголемува. Досега од под урнатините се спасени 2.470 луѓе, бројот на урнати згради достигна 2.818, рече Ердоган.