Словенија на нозе по смртоносното претепување во Ново Место: владата покрена итни мерки, а двајца министри поднесоа оставки. Власта најави засилување на полицијата во регионот, неделна координациска група и пакет законски измени за побрз и поостар одговор на насилството.
Главната обвинителка Катарина Бергант рече дека обвинителството ја заострило казнената политика во рамките на важечките закони, додека премиерот Роберт Голоб најави следни законски потези „во наредните денови и недели“. Трагедијата се случи во ноќта меѓу петок и сабота, кога 48-годишен маж дошол по својот син пред локал во Ново Место; во нападот претрпел тешки повреди и подоцна починал. Полицијата приведе осомничен во раните дваесетти години; случајот предизвика масовна јавна огорченост и протести.
Политичките последици дојдоа веднаш: министерот за внатрешни работи Боштјан Поклукар и министерката за правда Андреја Катич поднесоа оставки, кои премиерот ги прифати. Според извештаи на повеќе меѓународни медиуми, тие ќе останат на должност до именување наследници.
Сцените од нападот, што кружат на социјалните мрежи и медиумите, дополнително ја разгореа јавната дебата и барањата за „радикални мерки“. Врвот на судството во Словенија порача дека за да има резултати е потребен склоп од ефикасна законска рамка, полиција и обвинителство – а политиката најави дека токму на тоа ќе работи веднаш!
Словенија уште еднаш со своето однесување на институциите покажува која е разликата помеѓу ЕУ и нас.
Takole so“občani”,pred umorom očeta Aleša, pretepli mladostnika. @policija_si je bila obveščena in je“ukrepala” tako,da je napisala plačilni nalog.Nesposobni minister in marionetni direktor sta na @24ur_com pojasnjevala,da je stanje umorjenega stabilno. pic.twitter.com/5hVWPwxzd8
— Aleš Hojs (@aleshojs) October 26, 2025


