(ВИДЕО) Силен земјотрес од 6,1 степен ја погоди Турција

Земјотрес со јачина од 6,1 степен според Рихтеровата скала денеска го погоди западниот дел на Турција, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).

Според првичните информации, епицентарот на земјотресот бил на околу осум километри од градот Синдрги, источно од Измир, на длабочина од шест километри.

Како што пренесува турскиот весник Милијет, во Синдрги се урнала една зграда која претходно била оштетена во еден од претходните земјотреси.

Очевидци за EMSC изјавиле дека потресот бил „силен и траел долго“, а турскиот Хуријет јавува дека земјотресот се почувствувал и во Истанбул.

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, изјави дека надлежните служби внимателно ја следат ситуацијата и спроведуваат истраги на терен.

Во моментов нема информации за жртви, но локалните власти соопштија дека се врши проценка на евентуалната материјална штета и стабилноста на зградите во погодениот регион.

Зачлени се на нашиот е-билтен