Видео: Сточари од Пелагонија револтирано бараат субвенции, Министерството обвинува за „смислено сценарио“

На отворена трибина во Битола, сточари од Пелагонија револтирано кон министерот за земјоделие побараа исплата на субвенции кои им доцнат, пренесе Зелена Берза

„Субвенции за „зелена нафта не добиваме“ Кога дојде времето за субвенциите за по грло добиток, се се поскапи, субвенциите останаа исти. За машките телиња, не ни има субвенции и државата мора да узвезува јунешко месо, затоа што за јунците нема субвенции и никој веќе не сака да одгледува телиња. 400 хектари помалку има насади со пченица. Ѓубрето поскапе невидено, со 3500 евра ја минував сидбата сега ми требаат 7000 кај сте сега? И велите одиме напред, каде напред? 26 месеци немам субвенции. На народот му е преку глава“ рече револтиран земјоделец кој доби поддршка од дел од присутните.

На синоќешниот настан, со реакција утрово се јавија од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство од каде велат дека средбата минала во конструктивна атмосфера но и обвинија за како што велат однесувањето на поединци кое било смислено сценарио.

„Вчерашната трибина која што се одржа во општина Битола, во рамките на кампањата „Гласот што го слушаме – македонско најдобро”, помина во конструктивна атмосфера. Земјоделците на трибината поставија низа прашања, на истите беше одговорено, што и ja претставува суштината на оваа кампања.

Целта на трибината е директен дијалог и слушање на реалните потреби на македонските земјоделци.Воедно, сакаме да истакнеме дека однесувањето на одредени поединци и однапред смисленото сценарио говори исклучиво за нив самите“ велат од МЗШВ.

Зачлени се на нашиот е-билтен