Откако Агенцијата за храна потврди присуство на птичји грип во Зоолошката градина, дел од птиците се убиени со пушки, а 24 патки, 6 гуски, 5 кокошки и една чавка завршија во ѓубре.
ЗОО Скопје ќе биде затворена 21 ден, вработените се евакуирани, а забранет е влез и излез на животните од живеалиштата.
Пред три дена во Зоолошката почина лавот Жика донесен од Белград, а пред два месеца беше евтанизирана една од слониците. Лани беа отруени три расни коњи, а во градината повеќе нема ниту една жирафа.
С.Т.