„Целта на посетата беше да му се даде на американскиот претседател Доналд Трамп јасна слика за хуманитарната ситуација, како и да се помогне во формулирањето на план за испорака на храна и медицинска помош за населението во Газа“, објави Виткоф на X.
Тој изјави дека за време на обиколката „ги утврдил фактите на терен“, ги проценил условите и разговарал со претставници на GHF, кои моментално управуваат со дистрибуцијата на помошта во регионот, објави „Тајмс оф Израел“.