Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

ВМРО-ДПМНЕ се исмева со своите, со Мицевски, Пишев, Ристески, Стојаноска и пола милион Македонци кои се справуваат со дебелината

Со безобразно соопштение, под најдолното ниво на политичката култура, опозициската ВМРО-ДПМНЕ денес се измеја со половина милион Македонци кои се справуваат со дебелината, меѓу кои има и истакнати нивни членови и функционери.

„СДС наместо да понудат програма, се занимаваат со броење луѓе по митинзи, па еве нека знаат: Математички четворица собира на 1 м2, или по еден Маричиќ после службен ручек“, стои во безобразното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

Меѓутоа освен со Маричиќ со ваквиот речник ВМРО-ДПМНЕ се исмева и со нивните Никола Мицевски, Васил Пишев, Петар Ристески, Дафина Стојаноска и над 28 отсто од населението на земјава.

Ваквиот речникк на опозициската партија, според СДСМ, доаѓа по неуспешниот митинг на опозициската партија, од кој беше јасно дека нивната поддршка е помала од тоа што се обидуваат да претстават и очекуваат, но и по лошиот настап на Мицкоски на дуелот со Ковачевски.

„Навредите кон секретарот за меѓународна соработка на СДСМ и прв вицепремиер само ја покажува нивната нервоза. Нервозни се затоа што немаат поддршка на митинзите, ниту успеаа да соберат потиси за Силјановска. Затоа што Мицкоски го загуби ТВ дуелот од Ковачевски. Затоа што немаат план за иднината на државата, немаат понуда пред граѓаните и се против Европската унија“ реагираат од СДСМ.

Сосема очекувано е на удар на ВМРО-ДПМНЕ е да бидат челниците на СДСМ, како што е Бојан Маричиќ на пример, кој кошмар за сите нивни фрустрации и неспосбност да ги реализираат стратешките цели на мнозинството граѓани на Северна Македонија.

Бојан Маричиќ беше меѓу неколумината што го кршеа мразот со Грција, што го трасираа патот до членството до НАТО и кој ги отвори и постави на брзата и успешна трака скрининг процесот и преговорите со ЕУ.

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново