Многу е јасна намерата на ВМРО-ДПМНЕ за укинување на техничката влада. Сите индиции говорат дека владеачката партија и коалицијата имаат немера оваа година да поттикнат вонредни избори.
Во едно такво сценарио укинувањето на техничката влада би му овозможило на ВМРО-ДПМНЕ да влезе во изборен циклус со целосна контрола врз државниот апарат, вклучувајќи ги министерствата за внатрешни работи и за труд и социјала, кои традиционално ѝ припаѓаат на опозицијата во техничкиот период.
За СДСМ, ова претставува закана за демократскиот процес, бидејќи партијата стравува дека без овие контролни механизми, изборниот процес би бил компромитиран.
И додека станува јасна намерата на власта, од друга страна стои искуството на СДСМ кој организираше и спроведе два циклуси парламентарни избори според Пржинскиот модел со техничка влада, што значи немала проблем да биде подложна на контрола.
- Причините за Пржинска влада се исти денес како и пред 10 години
- Наместо да обединува, лидерската средба ги продлабочува поделеноста и разликите
Токму воспоставување на контрола над власта како одговорна за спроведување на фер и демократски избори беше мотивот за Пржинскиот договор откако ВМРО-ДПМНЕ, тогаш под водство на Никола Груевски спроведуваше серија вонредни избори кои беа најмалку фер и демократски.
Како што е познато на Пржинскиот договор му претходеше политичката криза во земјата откако владеачката ниоменклатура со Никола Груевски на чело, одбиваше да ги прифати укажувањата на домашните политички партии и на граѓанскиот сектор, како и на меѓународната заедница, дека земјата е веќе длабоко навлезена во политичка и институционална криза за која Европската комисија оцени дека е резултат на „заробената држава“.
Затоа во 2015 година беше постигнат Пржинскиот договор како политички консензус помеѓу четирите најголеми политички партии во Македонија (ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА) со посредство на Европската унија, со цел да се надмине длабоката политичка криза во земјата.
Постигнувањето на Пржинскиот договор беше донесен конкретни заради следните причини:
– За да се избегне ескалација на политичкиот конфликт и можни насилства.
– За да се врати довербата во изборниот процес.
– За да се спречи натамошна меѓународна изолација на Македонија.
– За да се расчистат сериозните обвинувања за масовна злоупотреба на институциите.
Од она што беше предвидено да го овозможи Пржинскиот договор, се реализираа само предвремени избори откако беа направени некои измени за нивна подготовка и за фер изборни услови. Пржинскиот договор предвидуваше така наречена „пржинска“ или техничка влада во перидот од распишувањето до спроведувањето на изборниот процес во која се предвиде заради поголема контрола во извршната власт да влезат технички премиер, што доаѓа(ше) од партијата на власт, како и министри претставници на опозицијата и тоа во ресорите полиција, труд и социјала и дополнителни заменици министри од опзицијата во уште неколку други ресори.
Но, денеска е очигледно дека причините за Пржинска влада се исти денес како и пред 10 години.
Затоа, бидејќи причините за неопходност од техничка влада се идентични какио и пред 10 или 11 години, предлогот на премиерот Христијан Мицкоски за свикување на лидерска средба на 14 јануари наиде на експресно одбивање од страна на претседателот на СДСМ, Венко Филипче.