Екипата на „Внимание“ ги прашува граѓаните – „Дали среда е среќен ден за гласање?“.
Повеќето граѓани велат – да, ама некои велат „за кого како“, „не менва денот, дали среда, дали недела“ – вели еден битолчанец.
Мнозинството граѓани велат дека ќе го остварат правото на глас, за кое се бореле генерации пред нас: „Ако не гласаме, оставаме другите што гласаат, да гласаат во наше име“, „Сметам дека секој човек што му е овозможено правото да гласа, треба да излезе на гласање и да го покаже тоа“, велат младите.
На прашањето „Имаме ли граѓанска должност да гласаме за претседател?“, граѓаните велат: „Да, сепак тоа треба да биде избор од народот“, „Ако не гласаме, тоа ќе биде неубаво за државата“, „Па мора секој граѓанин да гласа за својот претседател на државата“.
И на прашањето „Кога има повеќе каење – после гласање, или после негласање?“, граѓаните даваат повеќе провокативни одговори.
Анкетата „Внимание, внимание – зборуваат граѓаните“, се емитува на каналите на „Трн“ (на Фејсбук, YouTube, и на Инстаграм) и нејзината цел е да се чуе гласот на граѓаните, посебно на младите. Гласот на граѓаните нѝ го претставува артистот Дениз Абдула, а продукцијата е на „Трн.мк“.
Преземено од Трн.мк