Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Внимавате што јадете! АХВ уништи 640 килограми храна од рестораните, гостилниците, бурекчилниците…

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спроведе засилени контроли во Скопје се вели во соопштението на агенцијата. Контролите биле спроведени во регионот на Бит Пазар, Пластичарската улица и старата скопска чаршија.

„Минатата недела спроведовме засилени контроли во главниот град како честа туристичка дестинација. Контроли беа спроведени кај оператори со храна, вклучувајќи ги и пазарот Бит Пазар, познатата Пластичарска улица и старата скопската чаршија како еден од најпосетуваните туристички дестинации во Скопје од страна на туристите. Таму контроли беа спроведени кај 62 оператори – кафе барови, ресторани, гостилници, сендвичарници, пекарници, слаткарници бурекџилници, ќебапчилници, месарници и чајџилници, како и кај трговци со производи и материјали кои доаѓаат во контакт со храната“, се вели во соопштението.

Од АХВ додаваат дека минатата недела контроли биле спроведени и кај оператори кои се занимаваат со трговија на производи и материјали кои доаѓаат во контакт со храната. Надзори биле спроведени кај десеттина оператори и еден магацин за оваа категорија производи. Со контролите најдени се оператори со нерегистрирана дејност при што е наложено нивна регистрација.

„Кај некои оператори со храна утврдени се недоследности во однос на хигиената за што е наредено спроведување на мерки за чистење и дезинфекција, немање санирани книшки за вработените, но и недоследности од поголем обем како што се ставање во промет на небезбеден производ, недеклариран производ, чување на храна ва амбиентална температура, а пронајдени се и оператори со нерегистрирана дејност.

Во тридневните спроведени вонредни контроли, инспекциските служби на АХВ издадоа 33 решенија за утврдените недоследности, а изречени се и 14 парични казни. Покрај ова изречени се и мерки за забрана за вршење на дејност до исполнување на условите, наредено е регистрирање на нерегистрираните оператори со храна , а како небезбедни уништени се 640 килограми храна од животинско потекло“, додаваат од АХВ.

Посочуваат дека инспекциските надзори на зелените пазари во главниот град продолжуваат и во наредниов период.

Покрај вонредните засилени контроли, инспекциските служби на АХВ продолжуваат со спроведување и на редовните контроли согласно Годишниот план. Во првите 6 месеци од годинава во внатрешниот промет спроведени се 24. 335 инспекциски контроли. Изречени вкупно 2 433 инспекциски мерки. Уништени 37,6 тони и 13.654 литри небезбедна храна.

Најново